Виетнам е пример за борба против коронавирусот: Од 95 милиони жители, само 262 заразени, починати нема

Фото: EPA / LUONG THAI LINH

Во оваа комунистичка земја на југоистокот на Азија досега нема починати од Ковид -19, а стапката на зараза е значително пониска отколку во развиената Јужна Кореа, Сингапур, па дури и Тајван.

Како земја која нема ниту еден смртен случај, а бројот на заразените од коронавирус се движи околу 200, Виетнам ги доби сите пофалби од СЗО и може да им служи како пример на другите држави како успеа да ја скроти пандемијата.

Иако граничи со Кина, Виетнам со раните и одлучувачки мерки како раширено тестирање и строг карантин, и со општествено единство засега ја избегна ситуацијата во која коронавирусот ја доведе Европа и САД.
Фото: EPA / LUONG THAI LINH

Бројот на заразени во Виетнам според бројачот на Универзитетот Џонс Хопкинс е 262, во земја која брои над 95 милиони жители.

Службената статистика покажува дека во Виетнам во карантин или изолација моментално се 75.000 лица, а државата до сега направи над 121.000 тестови.

Во оваа комунистичка земја на југоистокот на Азија досега нема починати од Ковид -19, а стапката на зараза е значително пониска отколку во развиената Јужна Кореа, Сингапур, па дури и Тајван – држави кои се пофалени поради својот одговор на кризата, пренесува Индекс.хр.

Фото: EPA / LUONG THAI LINH

Кидонг Парк, претставник на СЗО за Виетнам, верува дека за неговиот успех клучно било раното дејствување.

„Виетнам на пандемијата одговори рано и проактивно. Нивната прва вежба за проценка на ризикот се случи на почетокот на јануари, недолго откако се пријавени првите случаи во Кина“, истакнува Парк и додава дека дрѓавата брзо воспоставила Национален управувачки одбор за превенција и контрола на Ковид – 19.

Фото: EPA / LUONG THAI LINH

Иако има мал број на потврдени случаи, и Виетнам на 1. април ја стави целата држава во карантин, многу побрзо и поодлучно отколку Велика Британија и Италија кои тоа го направија дури откако бројот на заразени почна да им се смета во илјади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот