ВИДЕО+ФОТО | Ја разгалува со шампањ, цвеќе и чоколади: Елена -„Живот со стил“ го прослави роденденот во Солун покрај вереникот

Фото: Принтскрин/Instagram

Вистинско уживање е да се следи профилот на нашата водителка, инфлуенсерка и продуцентка, Елена Стефановска, позната и како Елена – „Живот со стил“, по името на нејзината емисија.

Елена на својот инстаграм – профил секојдневно споделува интересни фотографии, како од прекрасните дестинации кои ги посетува, така и од моментите поминати со своите пријатели, семејството и нејзиниот партнер.


Стефановска ја започна годината со понуда за брак. Таа и нејзиниот партнер Бојан Најдоски за новогодишните празници отпатуваа во Москва и токму таму Елена го кажа судбоносното „Да”.

На својот инстаграм – профил Елена се пофали со вереникиот прстен со пет дијаманти во форма на круна.


Набрзо по враќањето од Москва, Елена и Бојан организираа прекрасна прослава на која се славеше нивната голема љубов.

Елена со своите бројни фанови сподели моменти од прославата и радоста со која таа и Бојан ја споделија со своите најсакани.


Иако на почетокот нивната врска се одвиваше далеку од очите на јавноста, Елена повеќе не ја крие љубовта која ја чувствува за својот вереник и постојано ги радува своите фанови со заеднички фотографии.


По повод роденденот на водителката, парот реши да отпатува овој викенд до прекрасниот Солун и да ужива во топлите денови. Вереникот на Елена, Бојан, постојано ја разгалува својата сакана. Роденденот го прославија со добра забава и храна, а последниот ден го поминаа уживајќи во прекрасни десерти, шампањ и многу чоколади.

„Нема филтер, нема зборови“ –  напиша Елена во описот на последната објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот