ВИДЕО+ФОТО | Будистички монах за медитацијата на Новак: Тој е христијанин, а ние сме негови обожаватели

Фото: Принтскрин - Твитер

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ е најпознатиот гостин на храмот „Будахападипа“ кој се наоѓа во непосредна близина на комплексот Вимблдон, на само пет минути оддалеченост. Српскиот ас е познат по својата солидна посветеност на медитацијата и таков мир наоѓа во последните години во Лондон меѓу натпреварите, а доказ за тоа се зборовите на Венераби Пиобасо, постар монах задолжен за медитација во ова светилиште.

„На него гледаме како на пријател, тој беше редовен во храмот и познат на сите монаси во нашата заедница“ – изјавил Пиобасо за британските медиуми.

„Ѓоковиќ јасно ни кажа дека не е будист, но дека сака медитира и затоа го посетува храмот. Медитацијата служи за подигање на мислата на повисоко ниво, за постигнување концентрација, за постигнување мир и релаксација“ – истакнал Пиобасо.

Според него, Новак сака да доаѓа во храмот и да медитира наутро кога нема многу луѓе. Но, без разлика што избрал да ја избегне толпата, притоа не привлекувајќи внимание и некако истакнувајќи ја важноста на храмот, и без разлика што е православен христијанин – монасите од храмот се негови големи обожаватели – истакнал Пиобасо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот