ВИДЕОАНКЕТА | Дали верниците постат и од која причина?

Фото/ Слободен печат: Принскрин

Велигденски и рамазански пости во месец март. Кој ги почитува и зошто, дали се пости поради верски уверувања, од здравствени причини или воопшто не се пости. „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали постат и која е причината за почитување на посотот? Најголем дел од анкетираните, посебно помладите постат и ги почитуваат правилата за постење.

– Да, секако постам. Почитуваме пости од денес па до Велигден- вели млад скопјанец.

За него постот значи чистење на телото и духот. Но објаснува дека постојат и такви кои постат поради диета, веруваат дека со постот ќе изгубат дел од вишокот на килограми.

Возрасен господин вели дека пости, но не се консултира со некое религиозно лице пред постот.

-Не, само кога одиме на причеста, тоа е на крајот од постот- вели господинот.

Помлад скопјанец вели дека треба консултација со свештено лице. Студентка објаснува дека кај нив дома семејно се пости.

Млад дечко со исламска вероисповест вели дека пости.

-Се пости од самрак до зори, односно од изгрејсонце до зајдисонце, нели, цел ден… меѓутоа, не е поентата само да се биде гладен, има и една друга работа што треба да се храни, односно духовната храна- вели тој.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот