ВИДЕО | Жител на Миколаев во Украина секој ден ја свири химната од својот балкон

Миколаев
Фото: Принтскрин/Твитер

Еден жител на градот Миколаев во Украина, стана вирален хит на социјалните мрежи откако се прошири информацијата дека тој ја свири химната од својот балкон, секој ден во исто време.

Имено, од еден полубарикадиран балкон секој ден на пладне се слушаат звуците на саксофонот на кој еден Украинец ја свири химната на неговата земја.

Видеото кое вчера се појави на официјалниот твитер-профил на телевизијата „Netxta“ досега е прегледано над 178,100 пати.

Луѓето на социјалните мрежи беа воодушевени, потенцирајќи колку е важно да се задржи духот во ова невреме. Овој човек со својот инструмент се обидува да ги бодри и охрабри оние кои неуморно се борат за слободата, но и оние кои сè уште не ги напуштиле своите домови со надеж дека оваа ужасна војна ќе заврши во секој момент.

Десетици луѓе загинаа во нападите на јужниот град на Украина. Од почетокот на војната градот Миколаив е многу важен, дури и клучен за плановите на Москва, пишуваат странските медиуми. Миколаив стои на патот кон Одеса, најголемото пристаниште во Украина. Тоа е делот од земјата долж југот што Русија сака да го окупира како копнен коридор меѓу две области – Крим и источна Украина, кои веќе ги контролира. Ова се смета за минимумот што претседателот Путин би сакал да го добие во оваа војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот