ВИДЕО | Зафировски: Топ три маркети во Македонија каде најчесто пазарат граѓаните

Преферирањето на тврдите дисконти во Македонија не е последица заради финансиските можности на луѓето, едноставно тоа е тренд во Европа. Се случуваат и промени кај потрошувачите особено префрлање од традиционалните кон дигиталните канали на пазарење, изјави во Утрински брифинг Сергеј Зафировски – Сопственик на агенцијата за истражување на пазарот и стратегиски маркетинг Insider ID, менаџер и претприемач.

– Нема некоја голема измена во првите три топ маркети. На првата позиција повторно е КАМ маркетот, потоа следува Стокомак и на трето место е Тинекс, кој лани беше втор, вели Зафировски.

Осврнувајќи се на е-трговијата, Зафировски смета дека има огромен раст во Македонија, но како што вели треба да стивне кризата за да се види реалниот раст.

-Имаме направено анализи за е-трговијата. Има и заклучоци. Зошто во Македонија нема голем развој на е-трговијата? Ние имаме многу време на располагање. Македонците имаат време да одат да пазарат во еден, втор трет маркет. Да споредуваат цени. Пазарењето е повеќе доживување од што е реална потреба, вели Зафировски кој смета дека довербата во интернетот ќе се зголеми додавајќи дека овој вид на трансакции во Северна Македонија е безбеден.

Целиот разговор во кој Зафировски говори и за ефектите на пандемијата од ковид-19 врз домашната економија погледенте во видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот