ВИДЕО: Во Минхен се слави, Баерн на „плус шест“ од Борусија Дортмунд

Баерн ја продолжува победничката низа во Бундеслигата/Минхен, Германија/11 декември 2021/Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Денеска се одиграа пет натпревари од 15. коло во германската фудбалска Бундеслига, Баерн ја оправда фаворитската улога дома над Мајнц, додека Борусија Дортмунд само ремизираше на гостувањето кај Бохум.

Мајнц го изненади баварскиот гигант со предност по првите 45 минута, Онисиво стрелаше во мрежата на Нојер за 0:1.

Целосниот пресврт се случи во вториот дел во кој најпрвин израмни Коман (53`), а за 12 победа сезонава се погрижи Мусиала (74`).

Од една страна играчите на Нагелсман ја продолжуваат победничката низа, а Дортмунд како да го губи чекорот со Баерн.


„Милионерите“ беа во негатива против Бохум кој водеше со 1:0, стрелец на голот беше Полтер од пенал, а израмни Брандт во 85 минута од средбата.

На табелата Баерн е првопласиран со 37 бодови, шест повеќе од Борусија Дортмунд. Во другите три денешни мечеви: Фрајбург – Хофенхајм 1:2, Херта Берлин – Арминија Билефилд 2:0 и Лајпциг – Борусија Менхенгладбах 4:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот