ВИДЕО | Влатко Лозаноски сними видеоспот како акционен филм: Слушнете ја неговата нова песна „Бариера“

Фото: Facebook / Lozano - Vlatko Lozanoski

Пред само еден месец откако Влатко Лозаноски – Лозано ја објави песната „Маскенбал, македонскиот пејач вчера на социјалните мрежи ја промовираше новата песна „Бариера“, која покрај на официјалниот јутјуб-канал, ќе ја има и на сите останати музички платформи.

На оваа нова песна на Лозано како автори се потпишуваат тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак спотот е дело на тимот од „Урбан Рекордс.

Во видеоспотот, покрај Лозано се појавуваат уште неколкумина статисти, а главната улога ја има Луна Декиќ Стефаноска, која одлично се снајде во приказната на овој најнов музички проект. Брзи мотори, специјалци со автоматски пушки, полиграф се дел од сцените на најновиот видеоспот.

Песна на некој начин е продолжение на стилот од песната „После полноќ, која беше издадена минатата година, нумера во кој го има оној звук од 80-ти години. Она што е важно да се потенцира е дека „Бариера е песна која е поделена во неколку музички форми каде се прикажани гласовните вештини на Лозано, како и уметничките способности на Лазар.

Ова е втора песна на Лозано во рок од еден месец и претставува само најава за она што следува, а ќе следуваат уште многу песни, спотови, музички проекти, соработки, настапи, концерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот