ВИДЕО | Виктор Андонов: Чебрен ќе биде најголемата брана во Еврoпа, а ќе ја гради инвеститорот

Виктор Андонов-советник за енергетика / Фото: „Слободен печат“- Методиј Здравев

Чебрен според висина на браната ќе биде една од најголемите електрани во Европа. Обврска на инвеститорот е да ја изгради. Ние нема да даваме никакви пари. ЕСМ учествува со пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина и со ХЕ Тиквеш. Тиквеш уште во првите анализи, заради поголема исплатливост и пооптимизирана работа на целата каскада, Тиквеш од секогаш бил предвиден да биде дел од проектот, рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ Виктор Андонов во гостувањето во емисијата „Слободен печат“.

-Во тој објект ќе работат голем број на инженери во фазата на проектирање, на дизајнирање на проектот. Голем број на инженери во фазата на изградба. Било кој и да концесионер не може да ги донесе од дома. Има овде работа и искуство за сите, и за студентите кои овде студираат и за тие кои имаат искуство, вели Андонов.

Целиот разговор со директорот за развој и инвестиции во ЕСМ Виктор Андонов погледнете го тука.

ВИДЕО | Виктор Андонов: Политички консензус на сите Влади бил Чебрен да биде доделен на приватен концесионер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот