ВИДЕО | Виктор Андонов: Политички консензус на сите Влади бил Чебрен да биде доделен на приватен концесионер

Виктор Андонов-советник за енергетика / Фото: „Слободен печат“- Методиј Здравев

Првичниот бенефит од изградбата на големи хидроелектрани како што е и Чебрен е заштита од поплави, регулација на речното корито на Црна река, контрола на употребата на вода, а сега заради климатиските промени уште поизразена ќе биде потребата од вода, производството на електрична енергија е последна на списокот, вели Виктор Андонов директор за развој и инвестиции во ЕСМ во интервју за „Слободен печат“.

-Од почетокот на 90тите па до денес, тенденција на сите влади, на целото управување е Чебрен да се додели на приватен концесионер. Може да кажеме дека има општ политички консензус за тоа прашање да биде регулирано така, потенцира Андонов.

-Оваа Влада ги продолжи напорите и постапката е започната во 2020 година. Тоа беше период на техничка Влада. Одлуката е донесена во декември 2020 година, точно пред техничката Влада. Постапката започна со предквалификација, за некои компании да бидат квалификувани треба да видиме со каков капацитет располагаат, дали се финансиски способни, искусни итн, за на крај добивме 10 сериозни светски и европски компании, изјави за „Слободен печат“ Виктор Андонов.

Целото интервју со Виктор Андонов погледнете го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот