ВИДЕО: Удинезе и по девет кола не знае за победа во Серија А

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Се комплетираше деветтото коло во најсилното италијанско фудбалско првенство со последните два одиграни натпревари во понеделникот.

Удинезе и натаму останува без триумф сезонава во Серија А, ги разочара своите навивачи играјќи само реми против Лече (1:1).

Водеа домаќините со голот на Товин од пенал во 49 минута, но гостите во 83 минута преку Пиколи го избегнаа поразот.

Удинезе е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со шест бодови, додека Лечее на 10 место со 13.

Фиорентина имаше добра серија на резултати во шампионатот, со три победи на последните четири мечеви, но денеска изненадувачки на домашен терен загуби од Емполи со 0:2. Стрелци на головите беа Капуто во 21 и Гјаси во 81 минута на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца.

„Виолетовите“ после вториот пораз се на петтата позиција со 17 бодови, колку што има и Наполи на Елиф Елмас на четвртата позиција, додека Емполи кој го оствари вториот триумф е на 17 место со седум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот