ВИДЕО | Ученици ги пееја песните на Тоше во скопската населба Ново Лисиче

Фото: Profimedia/Скриншот/Фејсбук

Детската улица во скопската населба Ново Лисиче е пешачка патека која е еден од омилените урбани простори на жителите за прошетка и рекреација.

Таа беше реконструирана во 2013 година, а тогаш беше и преименувана во детска улица „Тоше Проески“. Денес таму има прекрасна меморијална фонтана со ликот на Тоше, а неговите песни се пуштаат секој ден од 10 до 22 часот.

Доказ дека најмладите генерации го чуваат споменот за Тоше е и оваа снимка на која учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ ја пеат неговата песна „Излажи ме уште еднаш“.

„Дечињата од ОУ ‘Лазо Ангеловски’ нѐ потсетуваат на најголемите хитови, како и трајните вредности оставени од големиот Тоше Проески. Едно од најубавите места во општината е Детската улица, каде засекогаш ќе се присетуваме на Тоше. Општина Аеродром се грижи неговите дела вечно да живеат во секој еден од нас“, стои во објавата на Општина Аеродром.

Разговор со фан-клубот на Тоше Проески: Минаа 15 години од неговата смрт, времето не ги лекува раните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот