Тепачка на бугарски пратеници / Фото: скриншот

ВИДЕО | Тепачка во Бугарското собрание, летаа боксови и клоци

Редовната седница на бугарското Народно собрание беше прекината поради тепачка меѓу пратеници, која што се случи пред очите на јавноста и телевизиските камери, пренесуваат бугарските медиуми.

Инцидентот, според медиумите, избувнал додека министерот за енергетика во оставка, Жечо Станков, одговарал на прашања за проектот за изградба на 7-ми и 8-ми блок на нуклеарната централа „Козлодуј“.

Во исто време, пратениците Ѓунај Далоолу („ДПС – Ново начало“) и Радостин Василев (МЕЧ) влегоа во жестока расправија која ескалираше во физички судир – со туркање, клоцање и обиди за удари. Двајцата разменуваа и тешки навреди и закани, што ја вжешти атмосферата во салата.

Расправијата брзо ескалираше во физички судир, при што, според снимките, имаше клоцање од страна на Василев, туркање од Далоолу и обид за удар со тупаница.

Покрај физичкиот судир, двајцата пратеници разменувале и тешки навреди и закани што дополнително ја вжешти атмосферата во салата.

Претседателката на парламентот, Раја Назарјан, прогласи пауза до 11:00 часот за смирување на тензиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот