ВИДЕО | Taжна вест: Почина човекот кој прв истрча 100 метри за помалку од десет секунди

Фото: Profimedia

Meѓународниот атлетски сојуз (Word Athletics) објави дека во саботата на 76 години починал легендарниот американски спринтер Џим Хајнс, првиот човек кој официјално претрча 100 метри за под 10 секунди и ја освои олимписката титула во Сиудад де Мексико во 1968 година.

Хајнс на првенството во САД во 1968 година во Сакраменто 100 метри петрча за 9.9 секунди, но но бидејќи тој резултат не се мереше електронички, не му беше официјално признат како прв под 10 секунди.

Но затоа со победата се квалификуваше на Олимписките игри во Суидад де Мексико каде што стигна до златот осо 9.95 секунди и официјално стана првиот човек кој ја спуштил границата под 10 секунди.

Тоа негово време важеше за светски рекорд цели 15 години, односно се додека Салвин Смит во 1983 не истрча 100 метри за 9.93 секунди. Освен злато на 100 метри поединечно, Хинс во 1968 година освои злато и како член на американската штафета 4×100 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот