ВИДЕО | Таско вторпат ќе стане татко: Раперот и сопругата го открија полот на бебето

Христијан Тасковски – Таско со сопругата и детето / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа Неделковска пред речиси една година станаа родители на момче, на кого му дадоа уникатно име – Лукијан.

Сега, младите родители споделија нова радосна вест на социјалните мрежи. Имено, раперот и неговата сопруга наскоро ќе добијат второ дете.

Таско на својот инстаграм – профил објави видео на кое со сопругата преку торта го откриваат полот на бебето, а покрај нив има и ехо-снимки од второто бебе кое го очекуваат.

„Те чекаме наше девојче“, напиша Таско покрај видеото.

Двајцата се пресреќни што по синот ќе добијат и ќерка, а Наташа не може да ги задржи солзите од радост.

ФОТО | „Лукијан е дома“: Таско ги зема сопругата и бебето од болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот