ВИДЕО: Светски рекорд на Ѓоковиќ, ова никогаш не се случило во историјата на тенисот

Новак Ѓоковиќ наскоро испишува јубилеј/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во второто коло на Мастерс турнирот во Мадрид (Шпанија), Новак Ѓоковиќ убедливо го совлада Гаел Монфис, што доведе до неверојатни 18:0 во меѓусебните дуели против Французинот.

Ѓоковиќ со овој триумф го собори светскиот рекорд. Имено, никој во историјата на тенисот, барем кога се во прашање професионалните турнири, не ги добил сите 18 одиграни мечеви против некого во своја полза.

Денеска токму тоа го направи српскиот ас кој според овој параметар го надмина Рафаел Надал кој има 17-0 меѓусебен скор против Ришар Гаске од Франција.

Ноле во осминафиналето на турнирот во Мадрид ќе игра против победникот од мечот Енди Мареј – Денис Шаповалов.

Се одиграа уште три меча во шпанскиот главен град: Ван де Зандшулп – Карењо Буста 2:1, Опелка – Корда 0:2 и Басилашвили – Алкараз 0:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот