Ѓоковиќ по 18 пат славеше против Монфис, останува прв на АТП листата

Новак Ѓоковиќ останува на светскиот тениски врв/Мадрид, Шпанија/3 мај 2022/Фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ со победата над Гаел Монфис од Франција со 2:0 во сетови 6:3 и 6:2 го започна Мастерс турнирот во Мадрид.

Противник на српскиот ас во осминафиналето во шпанскиот главен град ќе биде подобриот од мечот Енди Мареј (В. Британија) – Денис Шаповалов (Канада).

Со овој триумф воедно Ноле останува на првото место на АТП ранг листата, во понеделник ќе ја започне 369 недела на светскиот врв.

Интересно, ова беше 18 меѓусебен меч помеѓу Ѓоковиќ и Монфис и на сите досегашни 18 мечеви славеше Ѓоковиќ.

Првиот сет беше прекинат при резултат 2:2 поради дожд, а кога повторно беа исполнети условите за игра, Ѓоковиќ одигра многу подобро. Брзо дојде до брејк предност, поведе со 5:2 и потоа без поголеми проблеми го приведе сетот кон крајот.

Во вториот сет играта на најдобриот светски тенисер стана уште посигурна. Веќе во третиот гем Ѓоковиќ направи нов брејк, малку подоцна уште еден за водство од 5:2, а потоа на свој сервис го победи ривалот.

АТП Мастерс Мадрид 2022

Резултати –

Чилиќ – Рамос 2:1
Хуркач – Делиен 2:1
Рубљов – Дрејпер 2:1
Бруксби – Баутиста Агут 0:2
Кецмановиќ – Бублик 2:0
Тијафо – Гарин 0:2
Ѓоковиќ – Монфис 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот