ВИДЕО | Сурферот што го нападна ајкула раскажа хорор: Си ја видов ногата во нејзината уста

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Студентот од Флорида, Крис Посписил (21), го опиша застрашувачкиот момент кога ајкулата го зграпчила за стапалото и го повлекла под вода пред да биде спасен од пријателот.

Посписил и неговиот пријател Рис Редиш сурфале на плажата Њу Смирна и се подготвувале да тргнат кон брегот кога биле нападнати од ајкула.

– Ајкулата се појави под мојата даска и ме собори, паднав на грб. Го видов само моето стапало во нејзината уста, ме повлече во длабочините – рекол Посписил.

Редиш слушнал нешто како пука и забележал дека неговиот пријател е во водата.

– Извика дека е гризнат – рекол пријателот.

Кога Посписил изронил, Редиш го зграпчил и го повлекол назад на даската за сурфање.

– Нема да го оставам мојот пријател во вода. Подготвен сум да го ризикувам сопствениот живот за да помогнам некому – порачал сурферот.

Посписил мораше да оди на итна операција поради седум скинати тетиви откако забот на ајкулата се зарил во неговата коска.

Во меѓувреме, тој е пуштен од болница, но закрепнувањето ќе трае со месеци со физикална терапија.

– Врвот на моето стапало ќе ми биде умртвен во одредени делови до крајот на животот, а самото стапало може да биде вкочането. Да не беше Рис, мислам дека немаше да успеам навреме да стигнам до брегот, веројатно ќе изгубев свест во водата – рекол студентот.

И покрај се, двајцата пријатели планираат повторно да пливаат и сурфаат во првата прилика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот