ВИДЕО: Страшна Барса, Фенербахче подобар во пресметката со Црвена звезда

Играчите на Барса имаа убедлив старт во Евролигата декласирајќи ја германска Алба/Барселона, Шпанија/1 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Денеска се комплетираше првото коло во кошаркарската Евролига, играчите на Барселона на еден извонреден начин ја стартуваа новата сезона со домашната убедлива победа над Алба Берлин со резултат 96:64.

Уште во првата четвртина каталонскиот клуб обезбеди голема разлика, водеше по првите 10 минути со 28:15, а до крајот на втората делница веќе обезбеди 20 коша позитива.

Во победничките редови најдобро се истакна Миротиќ со 22 поени, а 10 помалку имаше Јокубаитис.

На спротивната страна американскиот интернационалец Сима имаше „дабл-дабл“ учинок од 16 поени и 10 поени.

Фенербахче беше подобар во натпреварот против Црвена звезда со 61:57, за турскиот претставник Пјер имаше 13 поени, три помалку од Ивановиќ кој беше најефикасен за српската екипа.

Се одиграа уште три средби, во рускиот дуел Зенит Петерсбург славеше минимално 69:70 над Уникс Казан, Лион-Вилербан го надигра Жалгирис Каунас (88:76), додека Олимпијакос со 75:50 ја преслуша Басконија.

ВИДЕО: Стартуваше новата сезона во Евролигата, шампионот поразен од Реал Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот