ВИДЕО: Стартуваше новата сезона во Евролигата, шампионот поразен од Реал Мадрид

Реал Мадрид убедливо на домашен терен го совлада Анадолу Ефес/Мадрид, Шпанија/30 септември 2021/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Официјално стартуваа новите возбудувања во кошаркарската Евролигата (2021/2022), а веќе во првото коло актуелниот шампион Анадолу Ефес доживеа висок пораз од Реал Мадрид со резултат 82:69.

„Кралевите“ имаа одличен почеток на натпреварот и веќе во првата четвртина имаа дури „плус 17“ поени предност (32:15).

Стекнатото водство „кралевите“ лесно го одржуваа во понатамошниот дел од дуелот. Позитивата растеше и над 20, а на крајот Шпанците славеа триумф од 13 разлика.

Во победничките редови по 15 поени имаа Ертел и Јабуселе, а за турската екипа 21 кош запиша Ларкин. Монако пред своите навивачи го совлада Панатинакос (75:63), а најефикасен беше Анѓушиќ со 17 поени за францускиот претставник.

Макаби Тел Авив беше подобар од Баерн со резултат 69:68 со феноменалната партија на Вилбекин (28 поени) кај Израелците, а Милано со 84:74 ја надигра ЦСКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот