ВИДЕО | Стојаноски: Дроновите можат да летаат на строго определени растојанија

раководителот на секторот за воздушен сообраќај, Драги Стојаноски
Драги Стојаноски, раководителот на секторот за воздушен сообраќај / Утрински брифинг

Управувањето беспилотни летала во земјава станува се поголем тренд. Дроновите вооружени со одлични камери можат да дадат вистински поглед од птичја перпектива и со нив може да се направат преубави фотографии и видеа на кои никкој не останува рамнодушен.

Но постои ли регулатива за тоа кој може да управува со вакво беспилотно летало во земјава, што треба да направите за да бидете оператор на дрон, може ли деца да управуваат дронови, и дали е потребна посебна регистрација на истите, е на овие и на голем број други прашања поврзани со темава во Утрински брифинг разговаравме со раководителот на секторот за воздушен сообраќај, Драги Стојаноски.

-Регулативата во оваа област како и во многу други не може да се заснова врз техничките карактеристики на производот, туку истата има за цел нивната употреба да ја стави во некоја безбедносна рамка. На пример еден автомобил може да достигне брзина и до 300 километри на час, но ограничувањата на автопат е 120 километри на час, вели Сојановски.

Во случај со дроновите од аспект на безбедноста на воздушниот сообраќај – бидејќи воздухопловите без екипаж не се едниствените учесници во воздушниот сообраќај – многу е битна и максималната висина на која што тие може да летааат, за да не дојдат во контакт со останатиот воздушен сообраќај.

-Затоа во сега се уште важечката уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор, која е објавена во Службен весник е предвидено дека во рамките на визуелната линија на видното поле, воздухоплов без екипаж на максимално растојание од 500 метри хоризонтално и 100 метри вертикално од површината на земјата. Значи со регулативата ја поставуваме рамката под која воздухопловите можат безбедно да оперираат, вели Стојановски.

Сега веќе почнува промена на регулативата за летање на дронови, па одредени прозиводители на овој вид воздухоплови ваквите ограничувања ги имплементираат во самото софтверско решение, појаснува Стојаноски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот