ВИДЕО | Стаменкоска – Трајкоска: Не сум задоволна од однесувањето на пратениците, ние можеме подобро

Јас како пратеник на ова Собрание работите ги гледам малку пообјективно, значи ревидирање на кодексот за однесување потребно е да има и практиките во другите држави се такви да имаме такви примери на ревидирање.

И кај нас потребно е да се прават такви процеси бидејќи секое време си носи свои прилики или неприлики и свои начини на однесување и затоа велам навистина се потребни вакви работилници и вакви активности.

Јас лично не сум задоволна од однесувањето на пратениците во Собранието , ние можеме подобро, ние сите знаеме подобро но тоа е една интересна енергија која што се случува бидејќи знаете сите ние ја сакаме правдата за нас и кога сме обесправени реакција мора да има, вели во Утрински брифинг пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот