Фото: Инстаграм/„Песна за Евровизија“

ВИДЕО | „Среќна Нова 2008“: Бресквица ги разочара евровизиските обожаватели со застарен настап на националниот избор

Синоќа се одржа првото полуфинале на српскиот избор за евровизиски претставник, „Песна за Евровизија“. Изборната комисија на РТС избра вкупно 28 композиции – вчера слушнавме 14 песни, а уште толку ќе слушнеме и во второто полуфинале, кое ќе се одржи утре (29 февруари). Најдобрите осум од двете полуфиналиња ќе се пласираат во големото финале, закажано за 2 март.

Финалисти од првото полуфинале се Христина („Бедем“), Лена Ковачевиќ („Зови ме Лена“), М.ира („Перцепција“), Бојана и Давид („No No No“), Бресквица („Гнездо орлово“), Марко Мандиќ („Дно“), „Кени није мртав“ („Дијаманти“) и Зорја („Лик у огледалу“).

Бресквица во етно стил

Анѓела Игњатовиќ, позната по уметничкото име Бресквица, разви препознатлив музички стил, има голем број обожаватели и песни со милионски прегледи на платформите како Јутјуб и Спотифај.

Оваа 22-годишна пејачка е меѓу главните фаворити за победа на годинашниот српски избор, па многумина со нетрпение го очекуваа нејзиниот настап на „Песна за Евровизија“.

Бесквица се појави на сцената во бел фустан со етно мотиви, со ангелски крилја и венче на главата, а во позадина ја придружуваа неколку музичари со српски народни инструменти.

Според многумина, сценскиот настап на младата изведувачка бил „вистинско разочарување“ и, во најмала рака, застарен концепт.

„Среќна нова 2008 година“, „Девојката не знае да пее, нема капацитет да изведе една таква песна“, „Не ми се верува колку лошо ја испеа песната“, „Настапот ѝ вредеше два динари“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Обвинувања за геноцидна песна

По објавувањето на „Гнездо орлово“, Бресквица доби и голем број негативни коментари за текстот на песната. Имено, многумина сметаат дека 22-годишната пејачка пее за „враќање на територијата на Косово кон Србија“.

Проблематичната строфа гласи:

Сив облак го покри небото, повторно има црни птици,
Грми, дува, паѓа град и го руши орелското гнездо,
Таткото му вели на малиот орел: „Сине, ќе биде готово“,
Ќе си заминат црните птици, повторно ќе биде ведро

Бресквица ги негираше овие наводи и откри дека ја изненадиле ваквите обвинувања.

„Песната е српска – вистинска. Првите два-три дена беа катастраофа. Коментарите дека мојата песна е геноцидна навистина ме вознемирија“, изјави таа.

„Текстот е геноциден“: Српската пејачка Бресквица доби остри критики за нејзината евровизиска песна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот