ВИДЕО: Спектакл за крај на годината, Арсенал на „плус седум“ во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/Vince Mignott

Во последниот натпревар од Премиер лигата во 2022 година, Арсенал го совлада тимот на Брајтон со 4:2 како гостин во 18 коло и дополнително се зацврсти на врвот на табелата, откако Манчестер сити киксна против Евертон.

„Топчиите“ сега имаат дури седум бода повеќе од „граѓаните“, а сè посилен е впечатокот дека ќе биде тешко некој да ги спречи да го остварат сонот напролет и конечно да ја освојат толку посакуваната шампионска титула.

Головите за Арсенал ги постигнаа Сака, Одегард, Нкетиа и Мартинели, а за Брајтон стрелци беа Митома и Фергусон.

Во останатите натпревари: Бурнмаут – Кристал палас 0:2, Фулам – Саутемптон 2:1, Манчестер сити – Евертон 1:1 и Њукасл – Лидс 0:0.

Табела: Арсенал 43 бодови, Манчестер сити 36, Њукасл 34, Манчестер јунајтед 32, Тотенхем 30, Ливерпул 28, Фулам 25, Брајтон 24, Челси 24, Брентфорд 22…

ВИДЕО: „Недисциплинираниот“ Рашфорд му донесе победа на Манчестер јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот