ВИДЕО | Создаден филм за „Star Wars“ со помош на вештачка интелигенција

војна на ѕвездите империјата го возвраќа ударот
Војна на Ѕвездите, Фото: Јутјуб-принтскрин

Star Wars“ е серија на научнофантастични филмови на американскиот режисер, продуцент и сценарист Џорџ Лукас. Серијата е своевидна бајка која ја обработува темата на вечната борба меѓу доброто и злото, сместена во средината на вселенското пространство и е алегорична визија за човечката историја и сегашност. Серијалот е составен од осум филмови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MVaderr66 (@mvader66)

Уметник успеал да создаде нов филм поврзан со приказната во „Star Wars“ со помош на вештачка интелигенција. Приказната била напишана од „Чет ГПТ“, а сцените биле илустрирани со „Мидџурни“, пишува „Indy100“.

Во кратко видео на уметникот кој стои зад каналот „Д арт оф АИ“ на „Јутјуб“ се објаснува новата приказна. Во неа Дарт Вејдер добива задача да најде моќен стар артефакт кој се чува на оддалечена планета од мала група џедаи. Кога ќе стигне на планетата, Вејдер се бори со еден заштитник на артефактот и победува. Меѓутоа, подоцна Вејдер почнува да се прашува за неговата улога како негативец.

Се прослави како принцезата Леа од „Војна на ѕвездите“, беше во тајна врска со Харисон Форд, а животот трагично ѝ заврши (ФОТО)

Вселенската сага „Војна на ѕвездите“ подготвува нови приказни

ВИДЕО | Крајот на „Војна на Ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ бил сменет само за публиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот