ВИДЕО | Сопственик го оставил анксиозното куче во паркот на две минути, а неговата реакција ги растажи корисниците на социјалните мрежи

Фото: Инстаграм/Чарли Макс

Анксиозното куче Чарли ги освои срцата на корисниците на Инстаграм благодарение на видеото што неговиот сопственик Дени го објави на оваа социјална мрежа.

На видеото се гледа како Чарли шета низ паркот за кучиња, обидувајќи се да го најде својот сопственик кој го оставил сам две минути. Вознемирениот Чарли во еден момент почнал да паничи, а кога конечно го видел својот сопственик, бил толку среќен што не погледнал каде оди и се сопнал од помало куче.

„Го споделив ова видео затоа што мислев дека е смешно и сакав да ги насмеам другите луѓе. Исто така, сакав да покажам дека е во ред да се донесе вознемирено куче во паркот за кучиња”, рекол сопственикот на Чарли, а пренесе „Њузвик“.

Корисниците на Инстаграм, кои го погледнале видеото повеќе од 13 милиони пати, сочувствуваат со Чарли.

„Знам дека неговата вознемиреност се зголеми уште повеќе откако се сопна“, „Самиот поглед кон паркот за кучиња и мене ме прави вознемирен“, „Ова сум јас кога ја чекам мајка ми во продавница и не можам да ја најдам“, се само дел од коментарите на објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот