ВИДЕО | Со солзи во очите: Метју Пери откри дека не може да ја гледа серијата „Friends“

Profimedia
Фото: Профимедиа

Оваа години навршија дваесет и осум години откако се емитуваше првата епизода на „Friends“. Многу луѓе ширум светот сè уште уживаат одново и одново да гледаат репризи од серијата, но актерот Метју Пери не е еден од нив.

Тој вели дека не може да се натера повторно да ја гледа серијата поради неговата битка со зависноста, која започнала на снимањето на „Friends“.

„Не ја гледав серијата затоа што само ќе треба да повторувам ‘алкохол, дрога, кокаин’. За секоја сезона можев да кажам што користев тогаш и затоа не сакам да ја гледам. Тоа е сѐ што гледам“, рече тој во интервју за „Си-би-си“.

Пријатели / Friends
Актерската екипа на телевизиската серија „Friends“ / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Се присетил и на тешките моменти од животот и борбатата со зависноста, а во еден момент дури и заплакал пред камерите.

„Во еден момент се тресев толку многу што ако сакав да се префрлам само од полицата за книги на масата, морав да го сторам тоа потпирајќи се на нешто. Тоа отиде толку далеку“, рекол актерот.

Фото: Coleman-Rayner / Profimedia

„Знаете, она што секогаш ме тера да плачам е фактот дека ова не е фер. Не е фер што морав да поминам низ оваа болест додека остатокот од екипата не. Тие добија сѐ што и јас добив, но јас бев единствениот кој мораше да се борам со овие работи, и сè уште се борам“, рече тој низ солзи.

Во претходното интервју за магазинот „Пипл“, Пери истакна дека неговата зависност започнала кога добил улога во серијата. Тогаш имал само 24 години. За време на снимањето, неговата зависност ескалирала, а во 2018 година за малку ќе го чинела живот. Сепак, актерот веќе некое време е трезен.

„Благодарен сум што сум жив, тоа е сигурно. И тоа ми дава можност да правам сѐ. Колку и да е мрачна мојата приказна, таа е некако и приказна со надеж. Затоа што сè уште сум тука“, заклучил актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот