ВИДЕО | Со месеци се зборуваше дека раскинале: Познатиот пар се бакна пред сите на премиера во Лондон

Фото: Скриншот/Икс

Веќе некое време се зборуваше дека актерката Зендаја (27) и нејзиното момче Том Холанд (27) раскинале, но сега познатата двојка конечно стави крај на тие шпекулации.

Тие беа видени како разменуваат бакнежи на лондонската премиера на нејзиниот нов филм „Предизвикувачи“ („Challengers“), што особено ги израдува нивните обожаватели.

Актерката се појави на црвениот тепих, а Холанд седна во публиката. На социјалните мрежи е објавено видео од моментот во кој се приближуваат еден кон друг, си разменуваат бакнеж, а потоа и се прегрнуваат.


Да потсетиме, парот се запозна на снимањето на филмот „Човекот-пајак: Враќање дома“ („Spiderman: Homecoming“) во 2017 година, а нивната врска се обидуваат да ја држат главно подалеку од очите на јавноста.

Гласините за разделбата на двојката започнаа во јануари годинава кога Зендаја престана да го следи Холанд на Инстаграм. Но, мора да се напомене дека актерката престана да ги следи сите, а Холанд продолжи да ја следи неа.

Обожавателите дополнително се загрижија откако нивните омилени актери не беа видени заедно од 25 октомври минатата година, додека купуваа намирници во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот