ВИДЕО | Слушнете ја „Засекогаш“: Кристина Арнаудова се врати на сцената со нова песна

Фото: Стефан Соколовски

По подолга музичка пауза, денеска во етерот е пуштен новиот сингл на Кристина Арнаудова, насловен „Засекогаш“.

Фото: Стефан Соколовски

Музиката и текстот се на Весна Малинова, додека аранжманот и продукцијата на Роберт Билбилов.

Во исто време, денеска е пуштен во етер и видеозаписот за „Засекогаш“, во режија и продукција на Александар Ристовски Принц.

Од пред 10 дена исто така, целиот снимен материјал и сите албуми на Кристина, можат да се најдат, слушаат и стримуваат на сите музички дигитални платформи, а за таа намена, таа потпиша договор со „Вирџинија рекордс“ (Virginia Records), како нејзини издавачи за дигитални платформи.

Фото: Стефан Соколовски

Кристина вели дека оваа песна е она што успеало да ја врати во студио, бидејќи, е песна, која морала да биде отпеана и едноставно не можела да ја одбие.

Фото: Стефан Соколовски

Како и досега, примарна работа за Кристина останува нејзиното хуманитарно здружение „Проект среќа“ каде последниве 7 години го посветува најголемиот дел од своето време и енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот