ВИДЕО | Слон уби 80-годишен американски турист во Замбија

Фото: Принтскрин

Слон уби 80-годишен американски турист во националниот парк Кафуе во Замбија. Во нападот е повредено уште едно женско лице. Седумчлена група, шест туристи и водич, во саботата отишле во посета на националниот парк.

Околу 9:30 часот по локално време нивното возило било „неочекувано“ нападнато од слон. Се појавија снимки на кои се гледа застрашувачкиот момент како слонот ја брка групата туристи. Возилото со туристи наеднаш застанало, а во последните секунди од видеото се гледа како слонот се приближувал.

За време на нападот се слушало врескање на луѓето. Слонот на крајот го превртел возилото. Втората туристка поради повредите била итно префрлена во приватна медицинска установа, додека останатите туристи добиле помош за полесни повреди, пишува Скај њуз.

„Ова е трагичен настан и му изразуваме најдлабоко сочувство на семејството на туристот кој почина. Исто така сакаме да им дадеме поддршка на другите туристи и водич вклучени во овој вознемирувачки инцидент“, рече Кит Винсент, извршен директор на компанијата која работи со тури во националниот парк.

Винсент објасни како возилото застанало бидејќи „теренот и вегетацијата биле такви што возачот го попречувал патот и не можел доволно брзо да го оддалечи возилото“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот