ВИДЕО | Ситуацијата во Пехчево е алармантна – потребна е и поддршка од централната власт

Алексадар Китански, градоначалник на Пехчево / Утрински брифинг
Алексадар Китански, градоначалник на Пехчево / Утрински брифинг

Изминатиот период во источниот дел од државата имаше поплави. Градоначалникот на Пехчево Алексадар Китански излезе на терен на увид на штетите.

-Штетите се големи на извориштето на Брегалница во мстото Рамна Река. Патот е оштетен и не е безбеден за движење. Има оштетувања на канализационала мрежа. Детските игралишта се покриени со 20 сантиметри нанос и се сосема уништени. Речното корито го има променето своето течение оти се паднати големи дрвја. Општината излезе на терен со онаа механизација со која располага, рече за Утрински брифинг градоначалникот.

Тој додава дека ова не можело да се предвиди, а дека општината ќе издвои ресурси за помош и ќе побара средства од Владата. Китански вели дека станува збор за планинско место каде имаше значително големи дождови, дотолку што делови од патот се сосема однесени.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот