ВИДЕО | Синсинати: Ѓоковиќ без многу мака во следната рунда, елиминации на Руне, Руд и Синер

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во осминафиналето на турнирот во Синсинати, неговиот противник Давидович-Фокина го предаде мечот на стартот на вториот сет.

За Ѓоковиќ ова беше прв меч во поединечна конкуренција, претходно беше поразен во настапот во двојки. Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:4, а Фокина го предаде мечот веднаш на почетокот од вториот сет.

Следен противник на српскиот тенисер ќе биде Гаел Монфис против кого Ѓоковиќ играше 18 пати и го победи во сите меча.

Во останатите меча видовме елиминации на двајца фаворити, Холгер Руне поради повреда го предаде мечот со Мекензи МекДоналд, додека во три сета Макс Пурсел беше подобар од Каспер Руд.

Изненадување приреди и Душан Лајовиќ кој го совлада Јаник Синер со 2:0 во сетови. Циципас немаше проблеми и лесно го совлада Бен Шелтон со 2:0, а пласман во следната фаза обезбедија уште Хуркач и Фриц кои ги добија дуелите со Чориќ и Сонего.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот