ВИДЕО | Шпански новинар со срамна шега за Михаел Шумахер

Фото: Screenshot

Шпанскиот новинар Антонио Лобато ја згрози јавноста со невкусната шега на сметка на Михаел Шумахер.

Лобато гостуваше во емисијата на „ДАЗН“ каде што ги коментираше случувањата во Формула 1. Еден од гостите во еден момент прокоментира:

„Оставете го Адријан Њуи да се тресе“, по што Лобато дофрли: Нека се тресе Михаел. Ау, па Михаел не може да се тресе“.

Поради ова се најде под големи критики на јавноста, па одлучи да се извини.

„Направив грешка, немав лоша намера. Не се изразив добро и не сакав да го исмејувам Шумахер. Луѓето кои ме познаваат знаат дека никогаш не би направил такво нешто. Тоа беше несмасно. Се извинувам на сите кои се почувствуваа навредени. На Михаел искрено му се восхитувам“, изјави Шпанецот.

Ќе потсетиме, Шумахер во 2013 година доживеа тешка несреќа при скијање на француските Алпи и од тогаш беше во индуцирана кома до 2014 година, по што беше префрлен во неговата семјна куќа во Швајцарија, но информации за неговата состојба нема многу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот