ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Улична прослава ширум Шпанија почна синоќа веднаш по полноќ, откако беше укината шестмесечната вонредна состојба поради кандемијата од ковид-19.

Се наполни главниот плоштад во Мадрид/ Фото: EPA-EFE/JMGARCIA

Во Мадрид полицијата мораше да ги тргне забавувачите од централниот плоштад Пуерта дел Сол, каде се видени сцени на танчери и пејачи без маски, како што беше и пред пандемијата, пренесува АП.

Стотици млади луѓе го прославија укинувањето на вонредната состојба/ Фото: EPA-EFE/Luca Piergiovanni

Тинејџери и млади луѓе исто така побрзаа кон централните улици и плажи во Барселона за да го одбележат ублажувањето на рестриктивните мерки.

„Слобода! Малку е опасно, знаете поради ковидот, но сакам да се чувствувам вака опкружен со луѓе“, рече граѓанинот Хуан Кадавид, кој после долго време се виде со старите пријатели.

Мадрид го слави укинувањето на карантинот/ Фото: EPA-EFE/Luca Piergiovanni

Локалните ресторани ќе можат да служат оброци од денеска и ќе бидат отворени до 23 часот, но бројот на посетители ќе биде лимитиран на 30 отсто од капацитетите на објектите.

Полицијата нем набљудувач на уличната прослава/ Фото: EPA-EFE/Luca Piergiovanni

Исто така се укинати и забраните за патувања, а дозволени се и многу општествени собири.

Само четири од 19 региони и автономни градови го оставија полицискиот час.

Прослава и на улиците во Овиедо/ Фото: EPA-EFE/ELOY ALONSO

Премиерот Педро Санчез рече дека постоечките регулативи ќе бидат доволни да се одговори на потенцијалните жаришта на регионално ниво, како што ќе се развива кампањата за вакцинација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот