ВИДЕО: Шоуто на Сабицер на „Олд Трафорд“ го засенија несреќните Маласиа и Мегваер

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа на „Олд Трафорд“ со резултат 2:2 ремизираа Манчестер јунајтед и Севиља.

„Црвените ѓаволи“ по првото полувреме со двата голови на Сабицер во 14 и 21 минута. Кога сите помислија дека Австриецот ќе биде херојот на Англичаните, во финишот шоуто на Сабицер го засенија автоголовите на Маласиа во 84 и Мегваер во 92 минута.

Јувентус потешко од очекувањата на домашен терен со 1:0 го совлада Спортинг. Стрелец на единствениот погодок за „Старата дама“ беше Гати во 73 минута на „Алијанц“ стадионот во Торино.

Баер Леверкузен одигра нерешено 1:1 со Ројал Унион СГ, Белгијците стекнаа позитива во 51 минута со голот на Бонифасе, а израмнија Германците преку Вирц (82`).

Лига Европа
Први натпревари, четвртфинале
Резултати: Феенорд – Рома 1:0, Баер Леверкузен – Ројал Унион СГ 1:1, Јувентус – Спортинг 1:0, Манчестер јунајтед – Севиља 2:2.

Лига на конференции
Први натпревари, четвртфинале
Резултати: Гент – Вест хем 1:1, Андерлехт – АЗ Алкмаар 2:0, Базел – Ница 2:2, Лех Познањ – Фиорентина 1:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот