ВИДЕО: Шкотска убедливо славеше над Украина во Лигата на нации

Џон Мекгон еден од стрелците во победата на Шкотска/Глазгов, Британија/21 септември 2022/фото: EPA-EFE/Robert Perry

Фудбалерите на Шкотска ја совладаа Украина со 3:0 во одложениот натпревар од второто коло од Лигата „Б“ (група „2“) во Лигата на нации.

Стрелци беа Џон Мекгин и Линдон Дајкс кој двапати го матираше голманот Анатолиј Трубин.

Сега по четири кола Шкотите имаат девет бодови, два повеќе од Укранците, и дури пет односно шест од Република Ирска и Ерменија.

Потсетување дека првопласираната репрезентација од групата ќе оди во повисокиот ранг Лига „А“ и воедно ќе обезбеди плеј-оф за ЕП 2024, додека последнопласираната ќе оди во понизок ранг, односно Лигата „Ц“.

За три дена Шкотска ќе игра дома овојпат против Ирска, а Украина ќе гостува кај Ерменците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот