ВИДЕО | Шампионот падна пред Шарлот, трипл-дабл за Дончиќ во поразот од Оклахома

Фото: Dallas Mavericks/Тwitter

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари, а најинтересно беше во натпреварот во Северна Каролина каде што Шарлот после продолжение славеше против шампионот Голден Стејт.

Во поголем дел од натпреварот Вориорси бркаа негатива, откако се вратија во игра и влегоа во потребниот ритам не искористија голема шанса за победа. Во продолжението Шарлот беше многу подобар тим и заслужено славеше триумф од 120:113.

Најдобриот поединец кај Вориорси беше Стеф Кари со дабл-дабл од 31 поен и 11 скока, ист учинок на спротивната страна оствари Вашингтон.

После продолженија изгуби и Далас. Лука Дончиќ повторно имаше одлична вечер, но неговиот тим загуби од Оклахома со 111:117. Во поразот Дончиќ стигна до трипл-дабл со 31 поен, 16 скока и 10 асистенции. Во победничкиот тим најдобар беше Шај Гилџис Александер со 38 поени, шест скока и девет асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Голден Стејт 120-113 (прод.), Бруклин – Индијана 116-125, Чикаго – Филаделфија 109-114, Далас – Оклахома 111-117 (прод.), Милвоки – Атланта 123-115, Јута – Мемфис 124-123.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот