ВИДЕО: Серена Вилијамс елиминирана во првото коло на „Вимблдон“

Американската тенисерка Серена Вилијамс/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Американската тенисерка Серена Вилијамс не успеа да се пласира во второто коло на „Вимблдон“, откако по голема борба загуби од Французинката Хармони Тен со 7:5, 1:6, 7:6.

Моментално 115 тенисерка во светот, по три часа и 14 минути игра славеше против поранешната најдобра тенисерка, а сега дури 1.204 на ВТА листата.

Ова беше прв сингл меч за Вилијамс по минатиот „Вимблдон“ кога се повреди во првото коло.

Во решавачкиот трет сет Американката најпрвин спаси една меч топка во 12 гем, а потоа имаше водство од 4-0 во тај-брејкот, но тоа не беше доволно, Французинката направи пресврт и на крајот триумфираше со 10:7.

Во второто коло Тен ќе игра против шпанската тенисерка Сара Сорибес Тормо, која на стартот на грен слем турнирот славеше против Кристина Мекхејл (САД) со 6:2, 6:1.

Вимблдон: И Циципас загуби сет па се пласира во второто коло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот