ВИДЕО: Се запали траект во Њујорк, евакуирани 900 патници и членови на екипажот

Фото Твитер

Околу 900 патници беа евакуирани од службите за итни случаи од траект на њујоршкиот пловен пат во близина на Стејтен Ајленд поради пожар што избувна во погонскиот дел на бродот.

Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека синоќа службите за итни случаи реагирале на пријава за пожар на брод во Њујоршкиот залив нешто по 17 часот.

Повредени се пет лица, од кои три се на болничко лекување.

Американската крајбрежна стража ги евакуираше патниците до траектниот терминал Сент Џорџ на Стејтен Ајленд. Од траектот се евакуирани и 16 членови на екипажот. Евакуацијата траеше помалку од еден час.

Министерството за транспорт соопшти дека бродот „Санди Граунд” е привремено закотвен во близина на Бајон, во Њу Џерси. Противпожарната служба, пак, соопшти дека пожарот е локализиран во погонскиот дел на бродот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот