ВИДЕО | „Сакам да ве забавувам“: Том Круз прими награда додека управуваше со борбен авион

Фото: MTV/ BACKGRID/ Backgrid UK/ Profimedia

Том Круз достигна нови височини со својот говор за наградите „Ем-ти-ви“. За време на настанот на „Ем-ти-ви Муви енд Ти-ви Авордс“ 2023, кој се одржа во неделата, актерот ја доби наградата за најдобра изведба, за минатогодишното продолжение „Top Gun: Maverick“, пренесува „Пипл“.

Во снимката во која им се заблагодарува на гледачите за честа што ја добива оваа награда, Круз беше снимен како управува со борбен авион, високо на небото додека носи очила за сонце и зборува преку слушалките. Неговиот „златен трофеј“ со пуканки беше со него во авионот.

„Ви благодарам многу за оваа награда. Ги правам овие филмови за вас. Ве сакам. Сакам да ве забавувам. Кога знам колку уживате, колку го цените ова, едноставно нема подобро чувство“.

Тој, потоа додаде дека акциониот филм „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One“, ќе биде премиерно во кината на 12 јули, нарекувајќи го „диво возење“.

„Имајте прекрасно лето. Ви благодарам уште еднаш што ми дозволивте да ве забавувам. Тоа е апсолутна привилегија. Ќе се видиме во кино“, кажа Круз.

Инаку, церемонијата на доделувањето награди на „Ем-ти-ви“, во живо беше откажана, откако годинашната водителка Дру Баримор се повлече во знак на солидарност кон членовите на „Здружението на писателите на Америка“, кои во моментов штрајкуваат. Сите победници ги примија своите награди преку претходно снимени пораки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот