ВИДЕО | Сајкоски: Немам прочитано дека Гоце Делчев нешто направил за бугарската држава

Денеска, како делегација на ВМРО-ДПМНЕ се поклонивме на гробот на еден од најголемите великани и борци за македонска независна и самостојна држава. Се поклонивме пред човекот кој што беше визионер и човекот кој што уште во 19-ти, 20-ти век размислуваше за автономија и за самостојна македонска држава. Ние знаеме дека Гоце Делчев беше човекот со луѓето од револуционерната организација, македонската револуционерна организација кој што во секој македонски дом направи револуционерно огниште. И од тогаш започна единството, од тогаш започна борбата и резултатите дури сега се видливи дека ние имаме самостојна независна држава во овие изминати триесет години.

Во однос на прашањето со Бугарија, и во однос на она за Гоце, од она што го имаме прочитано и што знаеме и анализираме во однос на Гоце Делчев, ние гледаме дека Гоце Делчев се борел за самостојна, независна Македонија. Немам прочитано и немам видено дека нешто направил за бугарската држава. Бидејќи за некој да биде револуционер на некоја држава требал да се борел и да загинел за таа држава. Гоце Делчев загинал за самостојна и автономна Македонија.

Прашање: Каде го гледате решението за спорот со Бугарија?

Одговор: Во однос на спорот мислам дека треба да се вразумат властите во Бугарија, во моментов е потребно сите да бидеме дел од ЕУ. И нашите заложби и гледишта се да бидеме дел од ЕУ. Во однос на спорот со Бугарија и она што тие го бараат можат да си слават револуционери што направиле нешто и за бугарската држава и за македонската држава. Меѓутоа Гоце Делчев јас немам видено дека нешто направил за бугарската држава, за да можат и тие да го слават.

Прашање: Има ли оптимизам за спорот, да речеме Бугарија е моментално без Влада, дали е можно да дојде за скоро до решавање на спорот без Влада? Гледаме таму дека ќе има избори наесен. Мислите ли дека може да дојде до решение?

Одговор: Па, мислам дека властите во Македонија многупати не излажаа во однос на влез во ЕУ, и она што ние сега го имаме како информација и од она што се преговара од страна на македонската и бугарската страна немаме детали за преговорите, ни некој не извести за она што тие преговараат и што сакаат да договорат.

Она ние што порачуваме е дека заеднички мора сите да влеземе во ЕУ и да бидеме дел од европското семејство. Но и вразумување од страна на Бугарија, меѓутоа и ангажман на македонските власти. За да бидеме дел од европското семејство треба да ги подобриме и законите, меѓутоа и да направиме се што се однесува на регулатива, што се однесува нСа безбедност, што се однесува на криминал и корупција и на таков начин најбрзо можеме да стигнеме до европското семејство, изјави денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот