ВИДЕО: Садик Беј го одигра натпреварот на кариерата, му даде 51 поен на Орландо

Садик Беј го одигра најдобриот натпревар во катиерата/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Детроит пистонс со 134:120 славеше над Орландо меџик, а ѕвезда на натпреварот беше Садик Беј кој го одигра напреварот на кариерата.

Кошаркарот на Детроит во победата над Орландо постигна 51 поен. Беј од игра шутираше 17-27 и постигна 10 тројки од 14 обиди, а покрај тоа имаше и 9 скокови, 4 асистенции и 3 украдени топки.

Покрај Беј добра партија кај Детроит одигра Марвин Бегли со 20 поени и 11 скокови и Ајзеа Стјуарт со 16 поени и 10 скокови. Во редовите на Орландо, најзабележителен беше дебитантот Франц Вагнер со 26 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот