ВИДЕО: Рутински против Емполи, Интер ита кон 20 јубилејно „Скудето“

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер со големи чекори гази кон освојување на 20 титула во Серија А откако во 30 коло го совладаа Емполи со 3:0.

Федерико Димарко донесе водство за миланските „нераѕури“ во петтата минута, а конечниот резултат го постави Алексис Санчез во 81 минута.

Играчите предводени од тренерот Симоне Инѕаги имаат само еден пораз во сезоната и тоа на „Џузепе Меаца“ кој се случи во шестото коло на 27 септември 2023 година.

На табелата води Интер со 79 бодови, 14 повеќе од второпласираниот Милан, додека Емполи кој се бори за опстанок е на 18 позиција со 25 бодови.

Во следното коло Интер на 8 април ќе му гостува на Удинезе, додека еден ден порано Емполи ќе го пречека Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот