ВИДЕО: Рома во финишот го урна Удинезе на „Олимпико“

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Фудбалерите на Рома вечерва забележаа победа од 3:1 против Удинезе во натпреварот од 13 коло во Серија А.

Стрелци за Рома беа Џанлука Манчини во 20, Пауло Дибала во 81 и Стефан Ел Шарави во 90 минута.

Единствениот погодок за Удинезе го постигна Флоријан Товен во 57 минута.

Рома е на петтото место на табелата со 21 бод, а Удинезе е на 16 позиција со 11 бодови.

Во следното коло Рома ќе му гостува на Сасуоло, додека Удинезе ја пречекува Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот