ВИДЕО: Ристовски бурно реагираше и го фати за врат противничкиот играч на дербито Риека – Динамо

Стефан Ристовски/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во 15 коло од најсилното хрватско фудбалско првенство во дербито ремизираа екипите на Риека и Динамо Загреб со резултат 2:2.

Водеше Динамо по првиот дел со голот на Шпикиќ со 40 минута, па израмни Риека во 52 минута преку Селахи.

Динамо ја врати позитивата во 81 минута кога стрелаше Периќ, но домаќините обезбедија бод во 89 минута со голот на Митровиќ.

За „модрите“ целиот меч го одиграа Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Поранешниот македонски репрезентативец Ристовски непосредно пред првото полувреме после еден прекршок врз негов соиграч бурно реагираше до Ивановиќ кој го фати за врат. За среќа Ристовски помина само со жолт картон.

Воедно нашиот дефанзивец Ристовски на заминувањето кон соблекувалната почнал да плаче и според хрватските медиуми неговите тимски колеги го тешеле.

Одредени информации велат дека домашните навивачи на Риека го навредувале Ристовски. Уште пред почетокот на овој меч навивачите на Риека најавија пекол, лош пречек за Ристовски поради потегот од Риека да се пресели во лутиот ривал Динамо.

На табелата Риека е на второто место со 28 бодови, пет помалку од водечкиот Хајдук Сплит на Александар Трајковски, додека Динамо Загреб е третопласиран со 24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот