ВИДЕО: Римската волчица ремизираше со Лече на „Виа дел Маре“

Момент од натпреварот Лече - Рома/фото: EPA-EFE/LEZZI

Фудбалерите на Лече денеска одиграа нерешено 0:0 против Рома вечерва на домашен терен, во натпреварот од 30 коло во Серија А.

Рома по седми пат одигра нерешено во првенството и го зазема петтото место на табелата со 52 бода.

По 11 реми во најсилната италијанска лига, Лече е на 13 позиција на табелата со 29 бодови.

На 6 април Лече ќе му гостува на Милан, а истиот ден е дербито на колото на „Олимпико“ помеѓу Рома и Лацио.

Претходно денеска Болоња ја победи Салернитана со 3:0, Каљари и Верона ремизираа 1:1, а со истиот резултат заврши и натпреварот помеѓу Сасуоло и Удинезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот