ВИДЕО | Речиси 40 години подоцна, една од најголемите компании жали што се обиде да ја „забрани“ Мадона

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Кралицата на поп музиката Мадона на својот Инстаграм објави реклама за „Пепси“ што ја снимила пред 34 години, кога била објавена и нејзината песна „Like a Prayer“. Рекламата до сега беше забранета, а Мадона е таа што последна се смее, пишува „Нова.рс“.

„Пред 34 години направив реклама со ‘Пепси’ за да го прославам објавувањето на мојата песна „Like a Prayer“. Рекламата веднаш беше забранета, кога одбив да сменам која било сцена во видеото каде го бакнувам црниот Исус или палам крстови. Така започна мојата славна кариера како уметник кој одбива да го загрози својот уметнички интегритет. Им благодарам на ‘Пепси’ што конечно ја сфатија генијалноста на нашата соработка. Уметниците се тука да го нарушат мирот“, напиша Мадона покрај повторно објавената реклама на која пишува – „40 години кршење на статус кво“.

Снимена претежно во црно-бела техника, само еден ден по објавувањето на рекламата на музичкиот канал „МТВ“, верските организации протестирале поради сцените на палење крстови и заведувањето на светецот, а видеото дури било осудено и од Ватикан. 

Сепак, двеминутната реклама достигна 250 милиони гледачи во повеќе од 40 земји. Сепак, бесот на јавноста на крајот го принуди „Пепси“ да ја повлече рекламата во април 1989 година и да го откаже спонзорскиот договор со Мадона.

Рекламата повторно се емитуваше на “МТВ ВМА“ (MTV VMA) наградите оваа година, по 34 години од објавувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот