ВИДЕО | Работнички оштетен за чист гол против Воска Спорт

Фото: Screenshot

Викендов во рамките од македонската Прва лига Работнички и Воска Спорт одиграа 1:1, а по овој натпревар клубот од Дебар Маало излезе со реакција.

Oд Работнички се жалат на ситуацијата во 72. минута кога судиите на чело со главниот Јован Качевски не сигнализираа погодок иако топката ја мина гол-линијата.

„ФК Работнички е сериозно оштетен на вчерашниот натпревар против Воска Спорт! Не е признат регуларен гол во 72.минута, што може да се погледне од видеото“, објави клубот на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот