ВИДЕО | Пристигнува новиот филм за Џенифер Лопез: Интимна приказна за љубовта и нејзиниот приватен живот

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Наскоро пристигнува уште еден филм за пејачката и актерка Џенифер Лопез. Документарецот со наслов „Најголемата љубовна приказна не кажана досега“ ќе прикаже важни и многу ранливи моменти од нејзиниот приватен живот. Документарецот започнува со прикажување на 27 февруари на „Прајм видео“.

Во описот на документарецот покрај трејлерот пишува дека овој филм ја следи Џенифер додека работи на нејзиниот најтежок проект. Ѕвездата самостојно ги продуцира новот албум и филм, во кој и пее и свири, а кој го опишува патот на нејзината 20-годишна кариера. Интимен и моќен, документарниот филм обезбедува пристап до најличните моменти на Џенифер додека таа напорно работи за да го врати својот наратив преку снимањето на филмот „Ова сум јас…Сега: Љубовна приказна“.

Од интервјуа со нејзиниот најблизок круг на семејството и пријателите, вклучувајќи ги продукциските партнери и долгогодишните соработници, до искрените моменти во домот, ова е ранлив портрет на ѕвезда која ризикувала сè и открила новопронајдена решителност во самоприфаќањето и љубовта. По објавувањето на трејлерот, многу луѓе кои беа возбудени од објавувањето на документарецот набрзо се огласија со коментари.

Некои од нив истакнаа дека многу им се допаднал нејзиниот најнов филм, кој меѓу другото го посветила и на нејзиниот сопруг Бен Афлек.

„Таа е таква инспирација“; „Неодамна го гледав филмот и едвај чекам да го видам документарецот“; „Гледајќи го филмот и слушајќи го нејзиниот нов албум, сфаќам до каде стигнала и каков уметник е. Таа е убава душа“; „Џеј Ло, таа никогаш не разочарува, нејзината способност да инспирира луѓе како мене е неверојатна“; „Каква силна жена, и симнувам капа“; „Новиот нов албум и филм се одличнi, верувам дека i документарецот ќе биде таков“, беа дел од коментарите.

Џенифер Лопез искрено: Никогаш не планирав повторно да бидам со Бен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот