ВИДЕО: Пожар во центарот на Москва, гори една од Капитал кулите

Пожар во Москва, се запали една од кулите близначки во центарот/Фото: Скриншот/Твитер

Црн чад се издига од една од двата облакодери познати како „Капитал Тауерс“ во центарот на Москава, покажува видео кое се појави на социјалните мрежи.

На местото на несреќата пристигнале итните служби. Според прелиминарните податоци, пожарот во Московскиот Капитал Тауерс започнал на покривот на зградата.

Повеќе информации за пожарот објави агенцијата РИА новости повикувајќи се на службата за итни случаи.

-На покривот на облакодерот Капитал Тауерс во близина на деловниот центар во Москва, според прелиминарните информации, се запалиле скелиња, но биле изгаснати пред пристигнувањето на спасувачите, соопшти централата на Министерството за вонредни состојби во главниот град на Руската федерација.
Во неделата вечерта се појавија извештаи за пожар во кулата во изградба. Забележано е дека пожарникарите веднаш заминале на местото по примање на повикот.
„Според прелиминарните информации, на покривот на зградата на вкупна површина од околу 1 метар квадратен гореле скелиња. Пожарот бил изгаснат пред доаѓањето на пожарникарите“, се вели во текстот на службата за итни случаи, пренесува РИА Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот